Тракторист со приколка удрил девојче и побегнал
14.09.2023 13:54
| KumanovoNews
Малолетно девојче е тешко повредено во липковско село, откако било удрено со приколка од трактор.

Несреќата се случила вчера попладне во 19.10 часот во с.Ропаљце, општина Липково, кога трактор со приколка удрил во малолетничка од с.Ропаљце и го напуштил местото.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа, соопшти МВР.