Тракторист загина кај Кокошиње
09.08.2014 16:59
| KumanovoNews
Борко Ј.(52) од селото Доброшане вчера загинал откако му се превртел тракторот.
До несреќата дошло кога Борко Ј. изгубил контрола над тракторот додека се движел по патот Живиње - Куманово, кај с.Кокошиње. Тракторот се превртел, а од здобиените повреди возачот починал на самото место. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.