Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Откако на првата не се пријавиле инвеститори, а на втората единствениот заинтересиран немал комплетна тендерска документација, општина Куманово по трет пат објави лицитација за индустриската зона во село Речица.
Понудени се пет парцели со различна големина лоцирани покрај автопатот Куманово - Табановце.
“Се надеваме дека во третиот обид некоја од овие парцели ќе биде продадена. Ќе се создадат услови за формирање на индустриска зона на посочената локација. Јавната објава трае 40 дена, лицитацијата ќе биде електронска и ќе видиме со јавно наддавање кој ќе биде најуспешен. Има парцели од 6000, 7000, 13000 метри квадратни зависно од намената“ - изјави Лидија Ланг Спасовска, раководител на сектор за урбанизам во општина Куманово.
Парцелите се за лесна незагадувачка индустрија и хотел. Информации за понуденитото земјиште можат да се видат на сајтот на општината, а беше објавена пред неколку дена и во дневниот печат.