Третата фаза од патот Липково-Арачиново ќе се реализира догодина
29.12.2015 16:46
| KumanovoNews
Третата фаза од регионалниот пат Липково-Арачиново ќе отпочне во 2016 година, стои на веб сајтот на Министерството за транспорт и врски.

Двете фази за рехабилитација на овој патен правец веќе се завршени, а останува уште третата. Првата фаза Арачиново-Никуштак-Ропаљце е завршена, втората фаза Липково-Оризаре е завршена, а третата фаза Ропаљце-Матејче-Липково останува за 2016 година.
Овој регионален пат е долг 20 км и се рехабилитира со 6.2 милиони евра.