Три интервенции кај наплатна рампа Романовце
26.08.2015 07:18
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден имало три интервенции кај наплатна рампа Романовце, на запалена сува трева и стрниште.

Пожари имало од двете страни на автопатот. Првата интервенција на Територијалната противпожарна единица Куманово била од 11.40 до 12.30 часот, втората од 14 до 14.35 часот и третата е во вечерните часови, при што огнот го гаселе од 19.55 до 21.25 часот. Во сите три наврати пожарите кај Романовце се локализирани со едно возило и 4 пожарникари.