×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три лица побарале лекарска помош во Ургентниот центар во новогодишната ноќ

    02.01.2025 17:36 | Оливера Пешевска

    Едно лице со повреда во тепачка, и две лица кои се повредиле дома, побарале помош во службата на Ургентен центар во текот на новогодишната ноќ во Куманово. Нема пријавени случаи на труење со алкохол или прејадување.

     

    Три лица побарале лекарска помош во Ургентниот центар во новогодишната ноќ

    „Минатата ноќ на 31 декември кон 1 јануари мина релативно мирно. Три лица се јавиле во Ургентниот центар, двајца со ситни повреди стекнати во домашни услови, едно со повреди во тепачка. Нема пријавено ниту еден случај на интоксикација со алкохол или  јадење“, потенцираше директорот д-р специјалист Стефан Трајановски.

    Мирно и вообичаено било и за екипите на Итната медицинска помош, кои бележат повеќе од 15 теренски интервенции.

    „Дежурните колеги имале повеќе од 15 посети во домовите на кумановци во текот на дочекот на новата 2025 година. Воглавно се работи за хронично болни, повозрасни лица. Ниту бројот на интервенции, ниту пак видот на здравствена грижа која е пружена не отскокнуваат од вообичаеното секојдневие“, известуваат од Итна медицинска помош во Куманово.