Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На регионални натпревари во електро, машинска и сообраќајна струка учениците од техничкото „Наце Буѓони“ од Куманово освоија први места.
Марко Илиевски, како техничар за комјутерско управување (машинска струка), Матеј Глигоријевски- електротехничар за компјутерска техника и автоматика (електро струка) и Наум Богдановски, електроенергетичар (електротехничка струка) се учениците кои обезбедија учество на државниот натпревар, кој треба да се одржи во првата декада на мај во Скопје.
Регионалните натпревари се одржале во Куманово, а учествувале ученици од Кочани, Штип, Крива Паланка и Куманово.
„Не е изненадување, но секогаш е задоволство да се постигне ваков успех. И на републичките натпревари редовно се пласираме на некое од првите три места, што само докажува дека техничкото училиште по остварениот успех е во нагорна линија, како резултат на квалитетни професори и услови во училиштето“, нагласи директорот Драган Јаневски.
Ментори на најуспешните се Мартина Максимовиќ, Јелена Поп Глигорова, Марија Тасевска и Тони Ристески.
Организатор на натпреварите е Здружението на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните средни стручни училишта (ЗЕМСУ) кое постои 37 години. Натпреварите се поделени во повеќе категори- за ученици со четиригодишно образование, со тригодишно образование и поднесување на стручен труд, кој учесникот мора да го одбрани пред комисија.
На државниот натпревар во Скопје ќе учествуваат 28 училишта од повеќе градови на Македонија.