Tри села без струја
04.08.2014 06:51
| KumanovoNews
Поради дефекти во електродистрибутивната мрежа три села денеска се без струја.

Струја немаат жителите на селата Младо Нагоричане, Студена Бара и Четирце. Од ЕВН Македонија информираат дека се работи на отстранување на дефектите, а за денеска нема планирани исклучувања на подрачје на град Куманово.