Трибина за словенските просветители
22.05.2013 13:29
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ вечерва ќе се оддржи трибина за словенските просветители Кирил и Методи.

Предавач е Сузана Максимовска, професор по македонски јазик и таа ќе говори за ликот и делото на Кирил и Методи.
Трибината ја организира Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ за сите граѓани на Куманово, членови, симпатизери на партијата.
Почетокот на трибината е закажан за 19 часот.