Трибина за згрижувачки семејства во Липково
14.12.2015 11:07
| KumanovoNews
Во просториите на општина Липково утре во 13 часот, ќе се одржи трибина за згрижувачки семејства.

Мотото на кампањата која ја спроведува Министерството за труд и социјална политика е “На секое дете му е потребно семејство“. На трибината ќе бидат присутни претставници од Центарот за социјални работи Куманово, кои на присутните ќе им ги објаснат бенефициите кои ги имаат згрижувачите. Целта на оваа кампања е да се зголеми бројот на згрижувачки семејства.