×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Триесетина барања за обештетување од поплавите

    25.11.2014 14:33 | KumanovoNews

    Триесетина поплавени семејства од Куманово, до денеска поднеле барања до општината за надоместување на штетите.

    Триесетина барања за обештетување од поплавите

    Жители на Средорек, улица “Никола Тесла“, село Лопате и Доброшане бараат обештетување за уништениот мебел, помошни простории и земјоделски површини.

    “ Сите семејства можат да поднесуваат барања до 27 ноември, до 15.30 часот до архивата на општина Куманово. Потоа комисијата за проценка на штети ќе излезе на терен за да ја утврди штетата. Комисијата ќе направи збирен извештај и ќе го поднесе до Советот на општина Куманово и откако ќе се усвои, истиот ќе биде испратен до комисија при Влада на Република Македонија“ - вели Цоки Ристовски, претседател на комисија за проценка на штети во општина Куманово.

    Минатата недела реката Кумановка се излеа од коритото и поплави куќи на улица “Никола Тесла“ и во населба Средорек.