Трка на мали велосипедисти
Во Стариот градски парк, денеска се оддржа натпреварот “Мали велосидеписти“ за децата од градинка.

Натпреварот го организира отсекот за превенција при СВР Куманово и велосипедски клуб “Вело -М“.
Целта е да се поттикне спортскиот дух кај децата и од мали нозе да научат да возат велосипед.
- Имаме деца од големи групи од сите шест објекти, кои најнапред поединечно ќе се натпреваруваат на ниво на нивиот објект, а потоа сите победници, прво, второ и трето место ќе учествуваат во финалето. Најдобриот ќе добие награда затоа што оваа манифестација покрај тоа што има спортско забавен карактер, има и натпреварувачки карактер при што полицијата обезбеди скромни награди, а исто така и велосиедскиот клуб обезбеди медали за тројцата најдобри - рече Марина Алексовска, директорка на градинка “Анѓел Шајче“.
“Мали велосипедисти“ традиционално се оддржува 5 - та година по ред.