Тројца кумановци извршиле осум тешки кражби
27.01.2016 13:23
| KumanovoNews
Тројца кумановци извршиле осум тешки кражби во период од 23 декември лани до 13 јануари годинава.

М.И.(23), Д.Р.(23) и Е.Б.(22) сите од Куманово, на подрачје на Куманово извршиле седум тешки кражби во куќи и една тешка кражба во автомобил. Украле апарати за домаќинство, алати и пари со што незаконски заработиле 429.600 денари.
Против сторителите се поднесени кривични пријави за осум сторени кривични дела тешка кражба.