Тројца кумановци криумчареле мигранти
14.01.2016 12:24
| KumanovoNews
Тројца кумановци учествувале во криумчарење на мигранти.

На автопатот Гевгелија-Скопје кај село Прдејци, вчера околу 3.40 часот, полицајци забележале како во возило крајслер, управувано од Д.П.(40) од Куманово влегуваат мигранти. Во 3.45 часот бил стопиран автомобил ауди во кое биле И.С.(27) и Б.Д.(27) исто од Куманово. Откриено е дека во организација на И.С. со возило на Д.П. се превезувале мигранти, а другото возило се движело пред нив заради претпазливост.
На пријавените им е одредена мерка притвор во траење од 8 дена. Против нив се поднесени кривични пријави за криумчарење мигранти.