Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во полициската станица во Општината Старо Нагоричане работат само тројца полицајци, кои се грижат за безбедноста на жителите во 40 села во козјачието.
Покрај малиот број на вработени, станицата работи само до 14 часот, а нема доволно возила и гориво за службените потреби.
Повеќе од дванаесет часа во оштината нема полициско обезбедување. И до 14 часот не функционираат како што треба, бидејќи немаат возило, пешки одат и самите се снаоѓаат- вели Зоран Серафимовски- жител на Општина Старо Нагоричане.
Таквата поставеност на работите им оди во прилог на организирана група крадци, која пустоши по селата и ги пљачка сиромашните жителите. Тие крадат се што ќе им дојде до рака.
Министерството не им обезбедува ни возило ни бензин, најмногу што можат да добијат некоја стара Лада нива. Така не можат да функционираат, ако ги повикаш тие од нас бараат возило да одиме да ги земеме, бидејќи нема со што да дојдат. За последните пет шест месеци три пати ме ограбуваат, го сечат катанецот го обиваат дуќанот, влегуваат и се што е вредно собираат. Оштетен сум во вредност од близу 5000 евра- се жали Радисав Георгиевски, жител на Општина Старо Нагоричане.
Жителите се жалат дека најчесто кога ги ограбуваат, им земаат шпорети, старо железо, казани, жито и се што ќе најдат. Тие велат дека не се чувствуваат безбедно, и ако полицијата не може да ги заштити од арамиите ќе мора сами да се организираме и да ги фатат крадците.