Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово околу 8.30 часот, се случи на стариот пат Куманово-Скопје, кај Ново Село.
До незгодата дошло кога автомобил “ауди а4“ со кумановски таблички управуван од С.Ј.(19) од село Ропаљце, не држел растојание и удрил одзади во комбе “ивеко“ со битолски таблички, кое го управувал Б.П.(48) од Куманово. Сопатник од комбето и двајца сопатници од “ауди а4“, се здобиле со повреди и се пренесени во Општа болница Куманово.
Кај жената има напрснување на четврто ребро на десен граден кош. Таа е примена во дневна болница и е под опсервација. Едниот маж има истегнување на врат и набивање на десниот лакт. Кај вториот се работи за огреботини на кожата во пределот на десната подлактица. Жената прима терапија, и најверојатно и таа ќе биде пуштена - рече Зоран Стојковски, дежурен хирург.
Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Куманово и работи на утврдување на причините за несреќата.