Тројца тинејџери истепале нивен врсник
        30.10.2013 13:53
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Ф.Л.(15), С.С.(16) и Ф.С.(17) од Куманово кон крајот на септември годинава без повод и причина го истепале Н.С.(15).
                  Тројцата насилници околу 18.30 часот додека се возеле со автомобил на улицата “Страшко Симонов“ Ф.Л. излегол од возилото и без повод и причина го нападнал Н.С. удирајќи го по главата и телото. Потоа и останатите двајца излегле од автомобилот и го удирале момчето по целото тело при што му нанеле телесна повреда.
Кумановската полиција против тројцата насилници поднесе кривични пријави за “учество во тепачка“.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



