×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тропико бенд ќе пее за празникот на градот

    29.10.2014 14:14 | KumanovoNews

    Еден од најпознатите српски бендови, Тропико бенд, ќе пее на мега концертот на 10 ноември на Градскиот плоштад, по повод Денот на ослободувањето на Куманово.

    Тропико бенд ќе пее за празникот на градот

    Мега концертот ќе започне во 21 часот, по што ќе следува спектакуларен огномет.

    По повод празникот ќе има богата програма со спортски и културни настани.  Во недела на Градски кеј ќе се одржи Меѓународна велосипедска трка “Трофеј 11 Ноември 2014“, организирана од велосипедски клуб “Вело - М“ и Општински сојуз на спортови.

    На 7 ноември во Спортската сала ќе се одржи турнир во мал фудбал за пехар на градоначалникот. Во Гимназија “Гоце Делчев“ на 8 ноември ќе се одржи турнир во пинг - понг. Истиот ден во село Режановце ќе се одржи Празијада. На 9 ноември Спортско риболовно друштво “Пчиња“ ќе го организира 12 - от по ред Меѓународен куп во спортско риболовство.

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ на 10 ноември во 19 часот ќе се отвори ликовна изложба “Карпино 2014“. Истата вечер во Уметничката галерија во 20 часот ќе се отвори изложбата “Кумановски ликовни уметници“.

    На 11 ноември на Спомен костурница ќе биде положено цвеќе и ќе има пригодна програма за празникот. Истиот ден во Уметничката галерија ќе биде отворена изложбата “70 години слободно Куманово“. Во 19 часот во МКЦ“Козјак“ ќе се одржи свечена седница на Советот на општина Куманово.