Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фабриката за преработка на дрво, која е во состав на Шумско стопанство, по 7 години, наскоро ќе започне со работа.
Турска фирма ја зела пиланата под закуп на 5 години, а планирано е да се вработат четириесетина лица.
Турска фирма наредните пет години ќе стопанисува со пиланата на Шумското стопанство подружница Куманово. Договорот со фирмата Еуро-Њујорк и фабриката за преработка на дрво е потпишана на почпетокот на годината, а новите закупци ќе започнат со работа по нова година.
Сите договори се потпишани, гледате дека трупци се донесени и фирмата можа да почне да работи. Моментално е дадена на користење по одлука на Влада. Цел е да се отвори пилана да се вработата нашите сограѓани, што повеќе. Пиланата порано имаше 200 вработено, но колку ќе бидат сега незнам. Газдата си гледа профит, - вели Ваит Саити директор на Шумско стопанство, подружница Куманово.
Турската компанија веќе ја инсталирала новата опрема и машини. Се очекува да бидат четириесетина вработени, а че се обработува секаков вид на секаков вид на дрво.
Се обидовме да добиеме повеќе информации во јавното претпријатие Македонски шуми во Скопје за тоа колку чини месечниот закуп, но не успејавме во намерата бидејќи фирмата нема портпарол, а советникот на директорот не бил на работа.
Пиланата на Шумско стопанство не работи од 2008 година, кога 60-сетина работници останаа на улица. Поради доаѓањето на странска фирма, вработените од подружницата на Македонски шуми од населбата Бедиње ќе се преселат во поранешниот Дом На АРМ.