Турскиот театар ќе ја изведе „Слуга на двајца господари“
13.10.2015 08:51
| KumanovoNews
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, Турскиот театар од Скопје ќе ја изведе претставата „Слуга на двајца господари“.
Оваа комедија е работена по текст на Карло Голдони, а во режија на Јуџел Ертен и се прикажува на 18-от по ред театарски фестивал “Денови на комедија Куманово 2015“. Во комедијата настапуваат: Тамер Ибрахим, Несрин Таир, Емине Кадриу, Неат Али, Сефедин Нуредини, Аида Елези, Селпин Керим, Осман Али и Ерман Шабан. “
„Слуга на двајца господари“ од Карло Голдони е напишана 1753 година. Тоа е комедија за љубов и леб. Во комедијата Турчинот Шабан, истовремено им служи на двајца господари, едниот Македонец а другиот Албанец за да заработи некој денар повеќе.

