Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вчера се уапсени четири лица по кои е распишана потерница за издржување на затворски казни.
Т.Љ(54) од Куманово треба да одлежи две години затвор за криумчарење мигранти. 28 годишниот С.Г од Куманово е упасен и треба да издржува казна затвор од една година за две кривични дела “злосторничко здружување“ и “примање поткуп“ по акцијата Бумеранг.
С.Г(21) од Куманово за “тешка кражба“ треба да одлежи една година. Претходно истиот имал повеќе кривични пријави за кражби, нанесување на телесни повреди и спречување службено лице да си ја врши должноста.
С.Н (22) исто така треба за кражба е осуден на 10 месеци затвор. Претходно С.Н сторил повеќе кривични дела како држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали, полов напад врз малолетник од 14 години и одземање на моторно возило.
Приведените во текот на денот ќе бидат спроведени во Затвор Скопје.