Убиство и самоубиство во Алгуња
19.10.2012 06:37
| KumanovoNews
Во селото Алгуња во маалото Татариновац синоќа овчар убил газдa, а потоа се самоубил.

Убиството се случило околу 21.30 часот, кога овчарот Драган го застрелал газдата Бобан В. со неговата ловечка пушка. Откако видел што направил Драган излегол од куќата и си го одзел животот. Причините за убиството не се познати.
Драган во семејството на Бобан чувал овци повеќе од 10 години и живеел во нивната куќа.