×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици ја чистеа Менкова колиба

    24.04.2012 07:40 | KumanovoNews

      Учениците од техничкото училиште ”Наце Буѓони”, вчера по повод Денот на планетата го чистеа локалитетот Менкова колиба. 

    Ученици ја чистеа Менкова колиба

    Локалитетот Менкова колиба кој е од историско значење за градот Куманово го нема потребното внимание од страна на граѓаните. За да ги потсетиме кумановчани дека треба да се грижат за животната средина ние го исчистивме локалитетот од натрпаниот смет. Учениците –членови на еко одборот вложија максимум од своја страна за да местото си го добие донекаде својот заслужен “изглед” -велат учениците.

    По истиот повод викендов во просториите на училиштето беше организирана промоција на проектот “Природно и културно наследство мегалитска опсерваторија -Кокино”. Овие активности се дел од проектот на УНЕСКО, „Светското наследство во рацете на младите„. Работеа четири тима: идентитет, култура на мирот, туризам и заштита на околината, кои својата работа успешно ја завршија. Еден од тимовите истражуваше за заштита на природата на овој локалитет, па затоа презентацијата ја организиравме по повод Денот на планетата Земја. Ученисите во „ Наце Буѓони” продолжува со изработка на еко проекти.