Ученици од “Сами Фрашери“ ќе даруваат крв
03.04.2013 09:36
| KumanovoNews
Учениците од Гимназијата “Сами Фрашери“, утре ќе даруваат крв од 13.30 до 17 часот.

Акцијата ја реализира Црвен Крст Куманово. Се работи за традиционална крводарителска акција на која можат да се вклучат учениците од четврта година со навршени 18 години.