Учениците Албанци во “Наце Буѓони“ ќе даруваат крв
26.11.2014 09:25
| KumanovoNews
Учениците од албанските паралелки во средното Техничко училиште “Наце Буѓони“ утре ќе даруваат крв.

Крводарителската акција ќе трае од 11 до 16 часот, информираат од Црвен Крст Куманово. Се очекува да бидат собрани над 20 единици крв.