Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од основните и средни училишта, денеска напладне повторно излегоа на протести против екстерното тестирање.
Со транспаренти:„ Не за екстерното тестирање„, тие побараа од Министерството за образование па ја повлече одлуката за тестирањето на крајот на годината.
Учениците и денеска повторија дека е невозможно да ги постигнат истите резултати кога се испрашуваат на целиот матерјал, поради што се плашат дека ќе ги расипат оценките.
Тие најавија масовен протест утре напладне на Градскиот плоштад.