Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска започнува зимскиот распуст за учениците од сите основни и средни училишта во државата, кој ќе трае до 20 јануари. Училишната 2024/2025 ќе заврши на 10 јуни, а пролетен распуст ќе нема.
Министерството за образование и наука продолжи со воспоставената традиционална пракса на летен и зимски распуст, а учебната година да трае од 1 септември до 10 јуни.
Минатата година беше воведен пролетен распуст, а основците се распуштија на 17 јуни. Од министерството за ова биле анкетирани родители, наставници и ученици од повискоите одделенија, а мнозинството анкетирани се изјасниле против таквиот концепт.