×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците од “11 Октомври“ поделија цвеќе на гинекологија

    08.03.2013 10:29 | KumanovoNews

     Жените и медицинскиот персонал на гинеколошкото одделение во Општата болница, денеска од учениците од ОУ “11 Октомври“, добија рачно изработени цветови, по повод празникот 8 март.

    Учениците од “11 Октомври“ поделија цвеќе на гинекологија

    Тие велат дека целта е на посебен, несекојдневен начин да им го разубават празникот на овие жени.

    Идејата беше да се изработат цветови, оригами и други видови предмети за да ги подарат на гинеколошко одделение. За сите потреби се направени 250 цветови и се поделени. Традиционално во ОУ “11 Октомври“ традиционално се организираат работилници за повеќе настани, повеќе поводи. Во оваа работилница учествуваа мајки, татковци, вработените, учениците во најголем дел - изјави Лидија Јовановска, училишен библиотекар во ОУ “11 Октомври“.

    Гестот го поздрави началникот на гинеколошко - акушерското одделение, Нисо Тасев кој рече дека на ваков начин децата се учат да ги почитуваат жените и воопшто постарите луѓе.

     Се случува ученици за повеќе празници на жените да им поделат цветови и честитки. Истото се случува за Божик, за Бајрам од албанските школи даваат цвеќиња на сите пациентки. Горе на одделението имаме 16 пациентки, а долу има 28 родилки. Ние сме многу благодарни што најмладите го прават ова и што ќе ги навикнеме да го почитуваат здравството, образованието, постарите - вели Тасев.

    Вчера учениците од истото училиште цвеќе им подарија и на пензионерките од Домот за стари лица “Зафир Сајто“.