×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците од медицинска струка во посета на старите лица

    07.05.2014 12:18 | KumanovoNews

    Учениците од здравствена струка од “Наце Буѓони“ ќе го одбележат 12 Мај - Светскиот ден на медицинските сестри.

    Учениците од медицинска струка во посета на старите лица

    По тој повод утре тие ќе ги посетат старите лица во домот “Зафир Сајто“ на кои ќе им мерат притисок и шеќер во крвта, а во петок заедно со Црвен Крст ќе организираат вежба за прва помош во просториите на “Наце Буѓони“.

    Во понеделник учениците ќе ја посетат Кардиохирургија “Филип Втори“ во Скопје.

    - Болницата ќе ја посетат 30 -тина ученици кои се најдобри на ниво на паралелките, македонски и албански. Целта ни е да видат учениците како се работи во современи услови и да научат нешто ново. Оваа година одлучивме да направиме  нешто поразлично за да не се повторуваме - вели Ленче Ѓоршевска Ангеловиќ, професор по стручни предмети.

    12 мај се слави како Меѓународен ден на медицинските сестри во чест на раѓањето на најпознатата медицинска сестра Флоренс Најтингел.