Учениците се вратија во училишните клупи
21.01.2013 09:24
| KumanovoNews
Вкупно 18 илјади ученици во Општина Куманово денеска тргнаа на училиште по завршување на зимскиот распуст кој траеше три недели.

Во 16 основни училишта има 11. 500 основци, а во 5 средни училишта учат 6. 500 средношколци. Во второто полугодие ќе има екстерно тестирање со што ќе се утврди дали наставниците објективно ги оценувале учениците.