Учениците во “Кочо Рацин“ ќе носат униформи
31.10.2015 10:30
| KumanovoNews
Сите ученици од централното училиште и подрачните училишта на ,,Кочо Рацин”, неделава добија училишни униформи.
Советот на родители во ,,Кочо Рацин” по донесената одлука, се ангажира за секој ученик да се набават официјални униформи со лого на училиштето.
“Униформите се препознатливи во сино-црвена боја и се состојат од маици со кратки ракави и блузони. Учениците прекрасно изгледаат во нив, а родителите се задоволни од квалитетот. Училиштето е презадоволно од новиот изглед на учениците и од големата посветеност на советот на родителите на нашето училиште“ - рече Ивана Ѓорѓиевска , библиотекар во “Кочо Рацин“.
Училишни униформи веќе се применуваат во дел од основните и средните училишта во градот.

