Ученичка од Куманово втор млад библиотекар во државата
29.10.2013 08:11
| KumanovoNews
Јована Јовановска, ученичка во ОУ “Крсте Мисирков“ освои второ место на републичкиот натпревар за млади библиотекари во Неготино.
Тестирањето беше во ОУ “Гоце Делчев“ во Неготино, а наградите на најдобрите им беа доделени во дисперзираната читална на локалната библиотека “Страшо Пинџур“.
Прво место освои Миа Ботинова Димитрова од Велес, а трета е Александра Шијаковска од Неготино.
Натпреварот за млади библиотекари се оддржа по 14 - ти пат во организација на Здружение на библиотекари на Македонија.