Учесници на Струшки вечери ќе гостуваат во Куманово
26.08.2013 09:28
| KumanovoNews
На Градски кеј во понеделник во 20 часот поезија ќе читаат неколку поети учесници на Струшките вечери на поезија.
Во Куманово ќе дојдат осумина поети и тоа од Кина, Полска, Словенија, Монголија, Куба, Косово и Македонија. Ќе се оддржи поетско читање на кеј и манифестацијата е отворена за сите љубители на поезијата. Ова е традициционално поетско читање со поети од интернационалната манифестација Струшките вечери - вели Нада Ивановска, директор на Градска библиотека “Тане Георгиевски“.
Поетското читање го организираат Градската библиотека и Фондацијата за култура и спорт под покровителство на градоначланикот и Советот на Општина Куманово.

