×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Угостител казнет поради прекршување на забраната за пушење

    13.06.2014 07:39 | KumanovoNews

    Еден угостител од Куманово во првото тромесечје од годинава е санкциониран со привремена забрана  за вршење на дејност, бидејќи во неговиот објект не се почитувала забраната за пушење.

    Угостител казнет поради прекршување на забраната за пушење

    - Само кај еден вршител на угостителска дејност е констатирано непочитување на одредбите од законот. За сторениот прекршок од страна на државниот пазарен инспектор е донесено решение за привремена забрана за вршење на дејност, а до надлежниот Основен суд е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка - вели Виктор Дерменџиев од Државен пазарен инспекторат.

    Во првиот квартал во 2014 година во Куманово се извршени 200 контроли за да се утврди дали се почитува Законот за заштита од пушење.