Украдени 115.000 евра од куќа во Куманово
14.01.2013 11:46
| KumanovoNews
Во куќа на улица “Благој Илиев - Гуне“ деновиве крадец влегол и украл 115.000 евра.

Непознат сторител влегол во куќата на М.Ј. и извршил тешка кражба, одземајќи метален сеф со 115.00 евра. Според неофицијални информации 65 годишната кумановка живеела во Холандија, и кога се вратила кражбата ја пријавила во полиција. Полицијата извршила увид и презема мерки за откривање на сторителот.