“Ултра“ собра 11 награди на “Македониjа опен 2014“
31.03.2014 13:36
| KumanovoNews
Студиото за модерен танц “Ултра„ викендов се закити со 11 награди на меѓународниот танцов натпревар “Маседониjа опен 2014„ во Скопје.

Членовите на “Ултра“ во повеќе категории освоија 9 први, 1 второ и 1 шестто место.
Задоволни сме од резултатот и ќе се потрудиме на наредниот натпревар кој е во мај да бидеме уште по уиграни и со подобри кореографии. Ова е досега најголем меѓународен натпревар во Македонија. Имаше силна конкуренција на натпреварот. Учествуваа 28 клуб и имаше околу 2000 учесници - вели Александра Димитриевска, директор и кореограф во “Ултра“.
На натпреварот учествуваа млади танчери од повеќе балкански земји.