Уметниците да се пријават за „Кумановски ликовни уметници 2015“
15.10.2015 09:14
| KumanovoNews
Академските ликовни уметници од Куманово, од 15 до 30 октомври во Уметничката галерија можат да се пријават за учество на изложбата “Кумановски ликовни уметници 2015“.
По повод 11 Ноември- Денот на ослободување на град Куманово, Уметничката галерија традиционално ги претставува кумановските ликовни уметници. Секој учесник на изложбата потребно е да пријави едно ликовно дело, по можност неизложувано, од неговата најнова продукција. Со делото треба да бидат приложени податоци од авторот, насловот и димензиите. Изложбата ќе се реализира на 10 ноември годинава, при што ќе биде испечатен и каталог. Во текот на месец декември делата ќе бидат вратени на авторите.

