×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УМС: Локалната власт ја меша политиката и спортот

    16.03.2012 19:02 | KumanovoNews

      Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ го прашува градоначалникот Зоран Дамјановски и локалната самоуправа предводена од СДСМ, како го стимулираат и поттикнуваат спортот во Куманово.

    УМС: Локалната власт ја меша политиката и спортот

    Дали не е мешање на политика тоа што Мартин Костовски кој е шеф на кабинетот на градоначалникот, воедно е претседател на Управен одбор на Ракометен клуб на Куманово, Младен Давидовиќ, претседател на Социјалдемократска младина на Куманово, кој воедно е и спортски директор на кошаркарски клуб Куманово, Сашо Петрушевски директор на ЈП „Чистота и зеленило„, кој аналогно на тоа е претседател на Сојузот на спортови на Куманово и кој за свои лични интереси учествува во разединување и уништување на фудбалот во Куманово и Виктор Божиновски, кумашин на градоначалникот, директор на ЈП „Водовод„, а воедно и претседател на КК Куманово - праша Срѓан Ивановски претседател на УМС Куманово.