УМС:Младите ќе се запознаат со мерките на Владата
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток во 19 часот, ќе ги презентира мерките и проектите кои Владата ги воведе за младите.

Воедно младите ќе имаат можност да дадат свои предлози и сугестии. Од УМС велат дека власта одговорила на многу потреби и барања на младите.
Секојдневните наши потреби наидоа на разбирање и станаа приоритет во работењето на Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како дел од многуте проекти за млади се „Купи куќа за млади“, „Македонија вработува“, изградба на 150 игралишта за баскет, средношколска среда, бесплатни патувања за најдобрите студенти во Париз, Венеција и Барселона, бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади до 29 години. Ги повикуваме младите да се приклучат и да бидат дел од победничкиот тим кој работи за подобро на сите нас. Затоа што не постои сомнеж за силата која ја поседуваме, моќта и способноста - изјави Марио Цветковски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Младите од ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им поделија флаери со мерките кои Владата ги вовела за нив.
УМС во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ на 11 февруари во 11 часот ќе организира крводарителска акција и ги поканува граѓаните да се вклучат и да дадат свој придонес.