×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • УМС со пародија за СДСМ го одбележа 1 Април

    31.03.2013 13:24 | KumanovoNews

    Членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, за празникот на шегата, денеска на Градскиот плоштад направиа пародија на сметка на нивните политички опоненти, и упатија критики за работењето на локалната власт, предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски.

    УМС со пародија за СДСМ го одбележа 1 Април

     Драги наши сограѓани, вака маскирани се обидовме да се ставиме во кожата на другиот, да видиме што значи да се биде СДСМ, да видиме што значи лага, измама и манипулација, што значи немање став, безидејност пропратена со уцени, закани и поткупувања.Зоран Дамјановски и СДСМ можеби се шегуваа со нас кога: ја покачија сметката за вода, данокот на имот, ветија: изградба на катна гаража, изградба на на атмосферкса канализација и водоводната мрежа, решавање на инфраструктура и сообраќај и капитални инвестиции и отварање на нови работни места.-изјави претседателот Срѓан Ивановски.

     Тој им порача на граѓаните дека нивниот глас нема цена и затоа треба да одлучат каква иднина посакуваат за нивните деца и поколенијата.

    Ако Батко Ѓорѓија умреја за едну чашку ракију, ајде сите ние на 7-ми Април да излезиме и да го отрезниме од мамурлакот Зоран Дамјановски и СДСМ, со што конечно ќе им ги симнеме маските и ќе ставиме крај на ова недомаќинско работење, од кое профитираат само мал број на луѓе, на наша сметка, на сметка на лажни ветувања и празни зборови- рече Ивановски.