Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ресторанот Унико слави една година постоење и успешна работа. По тој повод, менаџментот на ресторанот подготвува специјални понуди и изненадувања за сите редовни гости и пријатели на ова омиленото место во градот.
„Со големо задоволство и благодарност до сите наши драги гости ја одбележуваме првата година на нашиот ресторан. Благодарение на вашата поддршка и доверба, успеавме да растеме и да се развиваме, и да отвориме уште еден угостителски објект – УНИКО ТАВЕРНА. Секој оброк што го споделивме со вас, секој миг на насмевка и задоволство од утринското кафе, за нас се непроценливи, и поттик да работиме уште по посветено, за да ги задоволиме вкусовите и на најпробирливите гости“, велат од Унико.
Овој прв роденден е само почеток на нашето натамошно патување, да се радуваме што заедно ќе делиме уште многу незаборавни моменти и што ќе бидеме ваш избор за најзначајните прослави во вашиот живот.
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што ни овозможивте да растеме заедно. Без вас, ова немаше да биде возможно!
За прославата на нашиот роденден, ви подготвивме специјални понуди и изненадувања.
Се гледаме во нашиот и вашиот УНИКО ресторан!
(ПР Текст)