×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Упис во училиште само за вакцинираните деца

    15.05.2019 12:04 | KumanovoNews

    Владата на вчерашната седница одлучи дека единствено деца кои се вакцинирани можат да се запишат во кое било училиште и за тоа имаат содветен документ, односно потврда.

    Упис во училиште само за вакцинираните деца

    „Во сите училишта да се примаат пријавите за упис во училиштата и на оние деца кои не се вакцинирани, но да не се врши упис на истите сѐ додека не биде приложен соодветен документ, односно потврда за вакцинација“, соопшти Министерството за здравство.

    Од Министерството велат дека оние родители кои ќе одбијат да ги вакцинираат децата ќе платат казна и за невакцинирање на детето, и за незапишување на детето во основно образование.

    „Ова нема да се однесува на децата за кои постои медицинска контраиндикација да ги примат вакцините“, велат од Министерство.

    Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини.

    „Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни“, велат од Министертвото.

    Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со вакцината МРП (морбили, рубеола, паротит) од почетокот на епидемијата на мали сипаници во земјава изнесува 24.023.

    „Во Скопје, бројот на вакцинирани деца изнесува 13,684 од вкупно 16,361 невакцинирани. Од останатиот дел од државата, бројот на вакцинирани деца до 14 години со МРП вакцина е 10,339. Само со стапка на вакцинација над 95 отсто ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата“, соопшти Министерството за здравство.