Уредена медијатека во „Христијан Карпош“
06.02.2016 11:09
| KumanovoNews
Во основното училиште „Христијан Карпош“ уредена e медијатека со помош на Мировниот корпус, од каде има и волонтер во училиштето.

Медијатеката располага со компјутер, литература на англиски јазик, телевизор и проектор.
„Адаптирана е училишна кујна во медијатека. Направена е, варосана, украсена со минимални средства, меѓутоа искористени наменски за учениците и професорите по англиски јазик“-вели Лидија Костиќ, директорка на „Христијан Карпош“.
Книгите кои ги има во медијатеката се користат за полесно совладување на англиски јазик.