×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Урологот Тасковски и неврологот Караџински меѓу највредните во државата

    05.08.2014 12:36 | KumanovoNews

      Двајцата доктори во текот на минатата недела прегледале најмногу пациенти од сите нивни колеги во државата

    Урологот Тасковски и неврологот Караџински меѓу највредните во државата

    Урологот Јордан Тасковски и неврологот Драги Караџински од Кумановска болница се на врвот на листата по бројот на прегледи во нивната специјалност, објави Министерството за здравсто. Тие во текот на минатата недела прегледале најмногу пациенти од сите нивни колеги во државата.

     Истовремено,  познати се и имињата на лекарите кои имале најмногу работа во „Мој термин“ во Кумановската болница.

    Најголем број прегледи на одделението за урологија има д-р Јордан Тасковски, 192 амбулантски прегледи, а негов колега од  истото одделение реализирал само 2 прегледи.

    Меѓу инфектолозите највредна е д-р Сунчица Јосифова - 166 прегледи , додека најмалку, 83 пациенти прегледал друг доктор.

    На неврологија д-р Драги Караџински има 96 прегледи. Најмалку има доктор со реализирани 21 преглед.

    Меѓу хирурзите најмногу работел д-р Боро Божиновски 91, а друг доктор на одделението има само 2 прегледи.

    На одделението за дерматовенерологија, највеќе 79 пациенти прегледала д-р Виолета Кузмановска, додека најмалку има доктор со 45 прегледи.

    На офталмологија, најголем број реализирани прегледи има д-р Али Далипи - 79 прегледи во текот на неделата, додека најмалку се 8 прегледи.

    На ортопедија, 75 прегледи има д-р Минур Бајрами, а докторот со најмал број прегледи од истото одделение извршил 58 прегледи.

    Најмногу амбулантски прегледи на педијатрија има реализирано д-р Снежана Станковиќ, со извршени 62 прегледи, додека докторот со најмал број извршил само 2 прегледи.

    На одделението за оториноларингологија д-р Емилија Аврамовска има 53 прегледи, додека најмалку докторот со 38 прегледи.

    На одделението за интерна медицина највреден бил д-р Миле Паскалов со 51 преглед, а негов колега направил 43 прегледи.

    Меѓу докторите пнеумофтизиолози д-р Светлана Петровска Талевска има 33 прегледи, а нејзин колега има извршено 15 прегледи.

    Од психијатрите д-р Ненад Николиќ има 27 прегледи, а докторот со најмал број прегледи од истото одделение направил 24 прегледи.