Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дваесет крвни единици се собрани за час и половина од почетокот на акцијата, а до 14 часот се очекува да се соберат двојно повеќе.
Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово, ги повикуваат нивните членови, симпатизери, но и граѓани да се вклучат во акцијата во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ и да даруваат крв.
Се прочистува нашата крв, а воедно спасуваме и нечиј живот. Акцијата започна во 10 и ќе трае до 14 часот, а очекуваме да собереме над 40 крвни единици. Досега има 20 крвни единици соберено, а очекуваме после 12 часот да има уште 20 - изјави Марио Цветковски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Крводарителите кои денеска даруваа крв, ги повикуваат и останатите граѓани да почнат да даруваат крв бидејќи е добро за здравјето и пред се е хуман чин.
На секои 4 месеци давам крв. Партиите ги ставам во втор план, а ова е да се изрази една хуманост. Ова е 86-ти пат како давам крв. Се чувствувам одлично. Кој се чувствува здрав и подготвен за овој предизвик треба да дава крв - рече Сашо Лазаревски, крводарител.
Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Ок Куманово, најавуваат дека ова лето ќе организираат повеќе спортски активности.