Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Само 2,3% од фирмите не се регистрирале на е - даноци за што е предвидена глоба до 3.500 евра.
Електронското пријавување на ДДВ, навреме и успешно го завршиле 21.647 фирми.
- Со новините во даночното работење кои за месечните ДДВ обврзници стапија на сила од 1 јануари оваа година, а за тримесечните од 1 јули. Се воведе задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП наместо досегашното поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во управата - велат од УЈП.
Според последната статистика, од вкупно 37.777 даночни обврзници кои се регистрирани корисници на е - даноци, 22.148 фирми имаат законска обврска да ја користат електронската комуникација, додека 15.629 ги користат е - даночните услуги на доброволна основа.