×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште 12 болни од коронавирус во Куманово

    01.11.2021 21:12 | Сузана Николиќ

    Регистрирани се 153 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.549 тестирања. По градови во: Скопје – 108, Куманово – 12, Прилеп – 9, Кавадарци – 6, Битола – 5, Крива Паланка – 4, Виница – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе, Берово, Делчево и Пробиштип – по 1.

    Уште 12 болни од коронавирус во Куманово

    Регистрирани сe 309 оздравени пациент од: Скопје – 120, Куманово и Велес – по 26, Кочани – 20, Штип – 18, Кавадарци – 16, Прилеп – 13, Битола – 11, Тетово – 9, Македонска Каменица – 7, Крива Паланка и Свети Николе – по 6, Гостивар – 4,Струмица, Кичево и Берово – по 3,Виница, Неготино,Делчево, Пробиштип, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 2, Ресен,Крушево, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: по  2 починати лица од Прилеп (54г и 63г), Кавадарци (49г и 70г), и Демир Хисар (74г и 77г), по едно починато лице од Скопје (69г), Кичево (58г), Битола (61г), Гевгелија (69г) и Велес (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, се пријавени две починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021. Регистрирани се по едно починато лице од Скопје и Крива Паланка на возраст од 61 до 80 години,од кои еден е починат во болнички услови, а еден е починат во домашни услови.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.386.978 тестирања на ковид-19.

    Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 202.705, бројот на оздравени пациенти е 188.849, на починати е 7.145, а бројот на активни случаи изнесува 6.711.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 88767, Активни 3399
    Куманово 12295, Активни 413.