Уште три деца заболени од жолтица
16.09.2014 09:23
| KumanovoNews
Три деца од населба Бабин Дол на возраст од 12 и 13 години минатата недела заболеле од жолтица.

“Во петок тие се хоспитализирани на инфективното одделение во Општа болница Куманово и нивната здравствена состојба е добра. Извршена е дезинфекција кај нив дома и вонредна дезинфекција е направена во училиштето каде што учат “ - велат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Екипи од центарот поделиле и едукативни фалери за населението со мерки како да се спречи појава на жолтица.