Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставниците на градови носители на порака за мир денеска на генералното собрание во Куманово, усвоија резолуција која ќе биде доставена до Организацијата на обединети нации.
Со резолуцијата се повикува ОН да се справат со најголемиот проблем на ЕУ, бегалската криза и што поскоро да се решат војните на Блискиот Исток и Северна Африка.
Лујза Винтон, постојан претставник на УНДП вели дека оваа резолуција повикува на поголем ангажман за менаџирање на бегалската криза.
Оваа резолуција повикува на подигнување на меѓународна грижа и се однесува на градовите и општините кои што се соочуваат со бегалската криза, како и зголемување на помошта од нивната страна. Денешната резолуција се однесува на ургентното признавање дека сите општини и градови кои што се соочуваат со бегалската криза, навистина се наоѓаат во позиција на која што им треба помош - кажа Винтон.
Претседателот на Асоцијацијата на градови носители на порака на мир, Анджеј Петрашик рече дека преку медиумите се информирал за бегалската криза и смета дека овој проблем треба да се решава на едно повисоко ниво. Деновиве имал можност директно на терен да се информира што се случува со бегалците
Се отвори прашањето бегалска и мигрантска криза, бидејќи дел од мигрантите се и економски мигранти од земји каде нема војни, така што евиденцијата и селектирањето на цивилните жртви и мигрантските економски движења треба на некој начин да се канализираат и да му се даде димензија, што значи граѓански цивилни жртви, што значи заминување заради сиромаштијата - рече градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
Учесниците на генералното собрание на Асоцијацијата на градови носители на порака на мир вчера ја посетија населбата Тоде Мендол, а денеска беа и во Прифатниот центар на Табановце.