Утре и во недела крводарителски акции
22.05.2013 08:57
| KumanovoNews
На бензинската пумпа на Макпетрол на излез од градот, вработените утре од 9 до 15 часот ќе даруваат крв.
Оваа крводарителска акција е традиционална и се оддржува трета година по ред.
Во недела за првпат Црвен Крст организира акција за дарување на крв кај црквата „Свети Ѓорѓи„ во близина на Градските гробишта од 10 до 14 часот. Сите крводарители можат да се вклучат во овие акции.